Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен ќе ја посети Романија на 15 и 16 мај, соопштија официјални извори.
За време на посетата Расмусен ќе биде примен од претседателот Трајан Басеску. Во исто време, генералниот секретар ќе се сретне и со премиерот Виктор Понта, како и со министерот за надворешни работи Титус Корлацјан.
Расмусен, кој се наоѓа на крајот на мандатот, остварува посети во овој период во повеќе европски земји.