Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте Амам, вечер ќе биде отворена меѓународната изложба „Time collectors“.
Изложбата се состои од слики, цртежи, графики, фотографии, видеа, инсталации,… на 16 домашни и странски уметници, Биба Кајевиќ, Мирна Арсовска, Гаврило Миловановиќ, Ѓорѓе Јовановиќ, Душан Перчинков, Кирил Геговски, Владимир Симоновски, Владо Ѓорески и група „Колегиум“ (Македонија), Лана Васиљевиќ и Горан Деспотовски (Србија), Силвија Горак (Полска), Серџо Парела (Аргентина-Англија), Феликс Брасје (Франција-Англија), Паоло Чампини (Италија) и Мустафа Узбакир (Турција).
Според организаторите, се работи за поставка во која авторите вклучиле уметници од повеќе генерации, различни по својот културен сензибилитет, визуелен, естетски, поетски и ликовен јазик, но кои во своите дела имаат заеднички склоности во однос на сликата „време“.
Проектот својот почеток го имаше минатата година во просториите на НУ Завод и Музеј Битола, кога учествуваа само еден дел од авторите.