Русија се заканува да ја запре доставата на гас за Украина од 3. јуни

Од:

Украина до 2. јуни треба да плати за јунската достава на руски гас, изјави денеска директорот на „Газпром“, Алексеј Милер на средбата со рускиот премиер Димитриј Медведев.

Како што јави ИТАР-ТАСС, „Газпром“ во согласност со договорот, утре ќе ја достави предвремената сметка за гасот за јуни.

– Ако Украина не плати за јунската достава, тогаш „Газпром“ до 10 часот наутро на 3. јуни ќе ја извести Украина колку ќе треба да доплати за доставата на гас. Ако нема авансна испалата тогаш на Укрина во јуни ќе и бидат доставени нула кубни мерки гас, наведе Милер.

Тој наведе дека тоа нема да биде стопирање на доставата на гас, туку „колку Украина купила гас, толку и ќе добие“.

До моментот Украина и е должна на „Газпром“ 3,5 милијарди доалри за доставен гас.

– Владата на Русија има информација дека украинските партнери располагаат со пари за испалата на рускиот гас, истакна Медведев на средбата со Милер и министерот за енергетика Александар Новак.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски