Цаи резиденцијата е необична викенд куќа проектирана од архитектонското студио ХХФ во соработка со кинески уметници.
Куќата е дефинирана од четири идентични кутии од дрво, кои се покриени со брановидни метални панели.
Сите четири дела содржат соби со различни функции, кои меѓусебе се поврзани со мали премини. Разпоредот на животниот простор потсетува на приватни галерии на уметниците.
Светлината доаѓа во куќата преку отворите создавајќи интересен ефект. Ентериерот е светол, прозрачен и модерен.
Строгиот надворешен облик на викенд куќата е опкружен со големи пространства зеленило, што им овозможува на сопствениците да уживаат во мирот на селото.