Дали Молдавија ќе биде следното жариште?

Од:

Молдавските власти го запреа заменикот на рускиот премиер, Дмитриј Рогозин при обид да ја напушти државата, поради петиција со која официјална Москва се повикува да го признае молдавскиот сепаратистички регион, соопшти Министерството за надворешни работи на Кишињев.

Во соопштението се наведува дека доцна синоќа, молдавските власти на Рогозин му ја одзеле кутијата со потписи и го анализираат материјалот, пренесе „Асошиејтед прес“.

Истовремено Романија изрази незадоволство поради коментарот на Рогозин дека идниот пат ќе патува со воен бомбардер, бидејќи во сабота му бил одбиел летот низ романскиот воздушен простор, при враќањето за Москва.

moldova-flag

Тој по повод одбележување на Денот на победата, во петок пристигна во молдавската самопрогласена област Придњестровљ, каде што се стационирани 1.500 руски војници, и како што наведе агенцијата понудил поддршка на сепаратистите, крикувајќи ја владата на Молдавија, кој што е насочена кон ЕУ.

-Доколку молдавските политичари се патриоти, првин ќе одржеа избори, кои ќе бидат еден вид референдум, бидејќи некои партии во Молдавија се залагаат за приклучувањето во ЕУ, а други категорично се против тоа-изјави Рогозин.

Придњестровљ во септември 1990 година прогласи самостојна република, но тој дел официјално е на Молдавија и ниту една држава до сега не го призна за независен, иако има поддршка од официјална Москва.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ЦИК на Молдавија: Маја Санду го освои вториот мандат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Русија ги отвори избирачките места за претседателските избори во отцепениот регион на Молдавија

Горан Наумовски

Молдавскиот архимандрит Јероним пронајден во локва крв, неговиот убиец е пронајден мртов во шума

Горан Наумовски

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он