СДСМ: Јакимовски лаже дека Заев му се јавувал на Груевски

Од:

„Златната акција на ВМРО-ДПМНЕ наречена Стевче Јакимовски мора постојано да ја докажува својата употребна вредност.

Коалицинерот на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош, а многу веројатно и во Собранието на РМ, ја лаже македонската јавност дека за време на локалните избори 2013 година, Зоран Заев му се јавувал на Никола Груевски за продолжување на рокот за кандидирање на тие избори.

Прочитајте повеќе – Јакимовски: Заев му се јавуваше на Груевски за локалните избори 

Зоран Заев ниту му се јавил на Никола Груевски, ниту имал мандат од неговата матична партија тоа да го прави, бидејки во тоа време не бил претседател на СДСМ“, се вели во реакцијата на СДСМ, на писмената изјава на Стевче Јакимовски.

„За ставовите на Зоран Заев при донесувањето на одлуките на органите и телата на СДСМ, говорат записниците во партијата, што недвосмислено потврдуваат дека тој безрезервно стоел и ги поддржувал сите одлуки на раководството пред и за време на локалните избори 2013 година.

Видлива е големата нервоза на Никола Груевски, по вчерашниот Конгрес на СДСМ, на којшто претседателот на СДСМ, Зоран Заев доби огромна поддршка да ја води партијата.

Груевски знае дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе ги открие до крај сите криминали на Никола Груевски, на припадниците на неговото семејство и неговите најблиски соработници и дека тоа ќе резултира со создавање услови за фер и демократски избори.

На тие избори, СДСМ ќе ја добие довербата од граѓаните на Република Македонија, којашто веќе постои“, пишува во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му