Јавни повици за инвестиции во земјоделството

Од:

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавни повици за инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства и за помош за млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност.

Како што соопштуваат од Агенцијата објавените повици се однесуваат нза подигнати нови лозови и овошни насади и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини во период од 1 јануари 2014 година до 1 април 2014 година,  за подигнати нови лозови и овошни насади и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини во период од 1 септември до 31 декември 2014 година, за набавен приплоден добиток од признати организации на одгледувачи на добиток од Република Македонија и од увоз, за набавка на пчелни матици од регистрирано одгледувалиште и за набавување опрема за систем капка по капка за пченка и фуражни култури и бунари за наводнување

Обрасците „Упатство за корисници” и „Барање за исплата” со листата на потребни документи заинтерсираните можат да ги подигнат во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и на веб страната на Агенцијатаwww.ipardpa.gov.mk

Пополнетите барања треба да ги достават по пошта или лично во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Крајниот рок за доставување на барањата за финансиска поддршка за набавка на приплоден добиток, пчелни матици, опрема за систем капка по капка за пченка и фуражни култури и бунари за наводнување и помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност е 30 јуни 2014 година.

Крајниот рок за доставување барања за исплата за подигнати нови лозови и овошни насади и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини во период од 1 јануари 2014 година до 1 април 2014 година е 30 јуни 2014 година.

Крајниот рок за доставување на барањата за финансиска поддршка за подигнати нови лозови и овошни насади и медоносна флора на нови површини за период од 1 септември до 31 декември 2014 година е 1 јули 2014 година.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници