Во Зоолошката градина „Бристол гарденс“ во Велика Британија првпат дојде на свет многу редок вид на желка во светот. Малата виетнамска коцкаста желка се чува во соба со контролирана клима и се храни со ситно сецкани црви за да може да преживее.
Првпат во една Зоолошка градина во Велика Британија доаѓа на свет загрозен вид на желка, а е втор случај во Европа откако беше забележан случај во Германија.
Малата желка која го доби името Вернон, е тешка само 28 грама, а долга пет сантиметри. Поголемиот примерок е тежок околу еден килограм, а долг околу 20 сантиметри. Овие желки живеат до 50 години.
Ова е многу тежок вид за размножување, па сум пресреќен што после толку многу години добивме едно бебе, изјави Тим Скелтон, кој се грижи за овие желки веќе 40 години.
Со овој примерок, бројот на виетнамски коцкасти желки во оваа зоолошка градина се искачи на седум. Зоолошката градина заедно со експертите за желки од цела Европа покрена европска програма за размножување на овој вид желки, со цел да се спречи нивно изумирање.
Останатите желки од овој вид во дивината се ловат поради месото, се користата за медицинските цели, а се чуваат и како домашни миленици. Означени се како критично загрозени на Црвената листа на Меѓународната унија за заштита на природата.