Американскиот заменик-државен секретар за јавна дипломатија и врски со јавноста Ричард Стенгл пристигнува денеска во Украина за да ги поддржи претседателските избори, закажани за 25. мај, соопшти Стејт департментот.
Стенгл во Киев ќе се сретне со претставници на украинските прозападни власти, цивилното општество и медиумите.
Неговата посета ја потенцира поддршката на САД за новата времена Влада, која работи на изградба на сеопфатен, транспарентен и демократски систем на државно управување, кој ќе одговара на потребите на Украинците, се наведува во соопштението.
Украина е првата етапа од турнејата на Стенгл низ Европа. Турнејата ќе трае до 16 мај и вклучува и посети на Летонија и Белгија.
Претходно САД отпуштија 11,45 милиони долари помош за поранешната советска република за организирање на нејзините претседателски избори.