Една од згуснатите ѕвезди во Млечниот пат, според истражувачите, ја крие тајната на вечната младост.
На фотографиите направени од „Ла Сила“, научна опсерваторија во Чиле се гледа сјајот на десетици илјадници древни ѕвезди, за кои се претпоставува дека настанеле во далечното минато на Универзумот. Една од нив, сепак, покажува изненадувачки знаци на младост.
Таа му припаѓа на топчестото јато „Месијер 4“, едно од најблиските на Земјата. Ова јато од ѕвезди, познато и под името „NGC 6121“ се наоѓа во соѕвездието Шкорпија и лесно може да се види преку двоглед или мал телескоп.
Астрономите можеле да ја пресметаат староста на ѕвездите со помош на хемиските елементи откриени според нивната светлина. Ѕвездите кои се формирале многу одамна, обично содржат неколку тешки хемислки елементи, бидејќи универзумот тогаш бил релативно „млад“ и немал во себе акомулирано голем дел од нив. Повеќето полесни елементи кои постоеле и за време на формирањето на древните ѕвезди, со стареењето ја исцрпиле својата светлина.
Но, необичната ѕвезда изгледа како се уште да го има својот лесен елемент – литиумот.
„Изворот на литиум е мистерија. Нормално за овој елемент е да се исцрпи постепено во текот на милијардата години живот на ѕвездата, но оваа, од илјадници од нив, се чини дека ја знае тајната на вечната младост. Или успеала да го задржи својот елемент, или пронашла начин да се надополни со нов“, велат истражувачите од Европската јужна опсерваторија во Чиле.