На Конгресот на СДСМ овации и остри критики

Од:

Во рацете на 591 делегат е одлуката дали Зоран Заев останува на лидерската позиција во СДСМ.

По паузата дисусиите продолжуваат. Досега со аргументи за и против се произнесоа 22 делегати, 17 од нив беа со поддршка на Заев , а петмина, меѓу кои Есад Рахиќ, Гордан Георгиев, Бобан Карапејовски, Митре Велјановски и Александар Наумовски бараат одговорност за изборниот неуспех и оставка од актуелниот претседател и раководство.

kongres (2)

„СДСМ е жив мртовец и ја нема идеолошката матрица“, му забележа екс-потпретседателот и пратеник Гордан Георгиев на Заев.
Велјановски обвини за партиски дисконтинуитет.

Делегатите кои се во одбрана на Заев тврдат дека тој е на чело на партијата нецели десет месеци, период за кој покажал исклучителна храброст и се конфронтирал директно со власта. Неуспехот велат е и поради претходните погрешни чекори. Враќањето на мандатите, посочуваат е доказ за фалсификатот и кражбата на изборите. Посочиле дека против Заев се оние кои не се најдоа на листите на последните избори, а до сега со години биле во партискиот врв и биле пратеници по неколку мандати.

kongres (6)

Поддршка за Заев од генералниот секретар Оливер Спасовски.
„Зоран Заев има капацитет да обедини и има програмска концепција. Тој е лидер-пријател“, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација