Антивладини и провладини протести во Тајланд

Од:

Во главниот град на Тајланд, Бангкок, вчера и денеска, по едномесечна пауза, се одржуваат демонстрации на поддржувачите и на противниците на сегашната управувачка политичка структура на државата.

Тензиите пораснаа по одлуката на Уставниот суд да ја разреши в.д. премиерката Јинглук Шинаватра, а да именува нејзин близок соработник за привремен претседател на Владата.

Опозицијата, чие движење е познато како „Жолти кошули“, во петокот вечерта упадна во повеќето ТВ станици во Бангкок и влезе во напуштената зграда на Владата. На нивните чекори реагираа поддржувачите на владејачката партија, познатите „Црвени кошули“, собирајќи десетици илјади симпатизери во предградијата на Бангкок.

Засега двете страни се ограничија на вербална војна, но аналитичарите потсетуваат дека и провладините и позициските сили имаат добро организирани вооружени крила.

Опозицијата ултимативно бара распуштање на сегашната Влада и одлагање на изборите закажани за 20 јули. Провладините симпатизери, кои сменувањето на Шинаватра го прогласија за „правнички државен удар“, отфрлаат каква и да е можност за одлагање на повторените избори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач