Тројцата холандски државјани, што беа киднапирани на 4 мај во реонот на Делтата на реката Нигер во Нигерија, се ослободени, соопшти портпаролот на безбедносните сили во нигериската сојузна држава Бејалса, Анка Мустафа.
Тој не соопшти повеќе детали за ослободување, само нагласи дека тројцата Холанѓани синоќа му биле предадени на амбасадорот на Холандија во Нигерија.
Вооружени групи во реонот на Делата на Нигер и во други делови во јужна Нигерија често киднапираат странци и потоа бараат откуп за нивно ослободување.