Победи за домашните екипи во 9. коло од Суперлигата

Од:

Лирија и Куманово постигнаа победи на домашен терен во двата синоќешни дуела од кошаркарската Суперлига и останаа во трка за плеј-офот.

Куманово со 83:74 беше поуспешен од Кожув. По четвртини 26:18, 14:18, 22:15 и 21:23.

Вукашин Мандиќ со 28 и Немања Врањеш со 18 поени беа најефикасни во победничкиот состав. Кај гостите се истакнаа Миладин Пековиќ со 19 и Игор Мијаиловиќ со 17 поени.

Многу понеизвесно и повозбудливо беше на дуелот во „Кале“ каде Лирија славеше над Работнички со 91:87 по петминутно продолжение, иако на полувреме губеше со 17 поени разлика.

Во петокот шампионот и лидер МЗТ Скопје Аеродром ја победи Струмица со 102:71.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 9-0 (победи-порази), Кожув 5-4, Работнички 4-5, Лирија 4-5, Куманово 4-5, Струмица 0-9.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос