На Скопскиот маратон денеска учествуваат и повеќе од 25 лица со дијабетес, членови на здруженија на дијабетичари од некoлку градови во Македонија.
Тие ќе се вклучат во трката на пет километри, трчајќи под слоганот „го менуваме дијабетесот“, со што симболично ќе се претстави важноста на физичката активност во успешно справување со дијабетесот за оние кои живеат со оваа состојба, но и во превенција кај останатите.
Дел од натпреварувачите во трката за менување на дијабетесот се на возраст над 70 години, а највозрасниот член има 73 години. Во тимот ќе се натпреварува и Бобан Несторовски, 29-годишен активен спортист со дијабетес тип 1 од Скопје, кој благодарение на редовната физичка активност и соодветниот режим на исхрана и терапија претставува одличен пример за добра контрола врз дијабетесот.
Во трката на 42 километри и оваа година ќе учествува првиот маратонец со дијабетес тип 1 во Македонија, Костадин Мартинов од Струмичко.