Исламски екстремисти денеска извршија напад во местото Лиман Кара во североисточниот дел на Нигерија, убивајќи непознат број лица и киднапирајќи жена, две деца и еден полицаец во пензија.
Претставникот на локалните власти Џејмс Ватарда изјави дека „не останал никој да ги преброи жртвите“, бидејќи по нападот Лиман Кара го напуштиле 3.000 жители.
Според изјави на жителите на Лиман Кара, екстремистите при нападот го кренале во воздух и мостот кој ги поврзувал нигериските сојузни држави Адамава и Борно.
Засега нема информации за судбината на киднапираните.