Оланд и Меркел: Незаконски референдумите во Источна Украина

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд ги оквалификуваат како незаконски референдумите кои се подготвуваат во Источна Украина, се наведува во заедничкото соопштение на двајцата лидери, лиферувано од германскиот град Штразлунд.

Тие посочија дека ќе има „соодветни последици“ за Москва долколку бидат неуспешни претседателските избори во Украина, закажани за 25 мај.

– Подготвени сме да воведеме дополнителни санкции против Русија“, доколку не уапсеат претседателските избори, изјави Меркел пред новинарите, по неофицијалната средба со Оланд.

„Ако нема меѓународно признати претседателски избори, тоа неизбежно ќе доведе до натамошна дестабилизација на земјата. Германија и Франција се едногласни дека во таков случај ќе има соодветни последици, како што и беше соопштено на Европскиот совет на 6 март 2014 година“, се наведува во заедничкото соопштение. Западните медиуми истакнуваат дека оваа изјава претставува јасно предупредување за трета етапа санкции, поконкретно, економски санкции против Русија.

Истовремено, германија и Франција ги повикуваат сите страни да почнат да ги разоружуваат нередовните војски, под надзор на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), најдоцна до 15 мај. Тие ја повикаа Русија „видливо“ да ја намали војската на украинската граница.

Меркел и Оланд порачаа Киев да се воздржи од спроведување офанзивни акции пред изборите.

Според Меркел, рускиот претседател Владимир Путин треба да испрати повеќе сигнали за „деескалација“ за да помогне за смирување на ситуацијата во Украина и да биде возможно одржувањето на претседателските избори на 25 мај.

Освен тоа, таа изрази надеж дека ќе биде започнат национален дијалог во Украина следната недела, без да прецизира кој би требало да учествува во него.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина