Во престижната населба Кап Д’Антибе во резиденцијалниот дел на францускиот град Кан е изградена модерната вила во минималистички стил „Шамади“, од која се пружа панорамски поглед на Канскиот Залив и Леринските Острови.
Атрактивната вила, која се наоѓа на неколку минути од центарот на Кан, е со површина од 660 метри квадратни и има шест луксузно опремени спални соби со големи прозорци.
Вилата има соба за дневен престој и трпезарија со вкупна површина од 150 метри квадратни и две кујни – летна и зимска.
Во состав на вилата има и базен со поглед кон Медитеранот, како и џакузи и спа простија.