Ентериерот и мебелот на овие соби се инспирарани од емоциите на тинејџерите.
„Коразин груп“ е голема италијанска компанија за мебел и опрема која нуди свои решенија за тинејџерски соби со примена на модерен и елегантен мебел.
Функционалните парчиња мебел и идејните решенија им овозможуваат на тинејџерите да ги извршуваат своите активностим да се релаксираат и да учат.
Боите кои се избрани за колекцијата тинејџерски соби не се само додаток на собата, туку ги претставуваат впечатоците за нивниот психололшки развој.
Неутралните, сјајни и светли бои имаат забавни и активни ефекти во ентериерот. Темните бои претставуваат чувство на топлина. Црвената носи чувство на моќ и страст.
Зелената и сината го подигнуваат расположението и будат мирни и смирени чувства. Жолтите тонови носат оптимизам, среќа и мир.