На популарната плажа „Натај“ на тајланскиот остров Пукет е изградена вилата „Инијала Бич“, која е опкружена од тиркизните води на Андамското Море.
Вилата има 10 спални соби и посебен спектакуларен апартман. Секоја од спалните соби, како и слонот за дневен престој имаат различен ентериер, дело на реномирани архитекти од Бразил, Велика Британија, Ирска, САД, Тајланд и Шпанија.
Здружениот труд на архитектите како резултат даде убава интрепретација на една традиционална тајландска куќа опкружена со органски современи структури.
Во рамки на вилата има и ресторан, кој може да прими 70 лица. Трпезарискиот дел од ресторанот има стаклени ѕидови што на гостите им нуди прекрасна глетка за време на јадењето.
Посебно впечатлив е таванот, кој е обложен со дрвени панели во разни бои што потесетуваат на бранови.