(ВИДЕО) Протест и блокада на улицата пред Железара

Од:

Околу стотина граѓани денеска ја блокираа улицата пред стадионот на фудбалскиот клуб Металург.

Протестот започна пред влезот на фабриката на познатиот бизнисмен Минчо Јорданов.

Незадоволните граѓани од населбите Автокоманда и Железара бараат фабриката веднаш да ги постави потребните филтри, и да запре труењето на овој дел од градот кој според нив веќе се чуствува и во центарот на Скопје.

zelezara (2)

Побараа владата да покаже дека Македонија е правна држава и да престане да му прогледува низ прсти на Минчо Јорданов.

Освен повозрасни лица на протестот денеска беа писутни и млади луѓе кои бараа неодложно поставување филтри, оти нивното здравје немало цена.

zelezara (4)

Оние кои одлучија да протестираат објаснија дека ситуацијата во овој дел ма градот се влошува од ден во ден, или загадувањето од Железара веќе станувало неподносливо.

Граѓаните велат дека посебно навечер ги чуствуваат последиците од фабриката која буквално им чади под прозор.

zelezara (3)

Седат дома и не излегуваат, а најмногу се плашат за своите деца кои почнуваат да покажуваат здравствени проблеми.

Учесниците во протестот најавија дека нивните активности нема да запрат, и дека борбата за чисто Скопје продолжува.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Институциите да се воздржат од споделување информации, убиецот на докторот од Железара не е откриен

A1on

Притворените за убиството на лекарот ќе бидат пуштени – нема докази дека се извршители на делото

Анита Петровска Рајковиќ

Притвор за двајцата приведени за убиството на лекарот во Железара

Анита Петровска Рајковиќ

Убиство пред Поликлиниката Железара во Скопје: Доктор избоден со нож

A1on

Железарци ги засилуваат протестите до надлежните: Запрете го возачкото дивеење на „Коце Металец“

Жарко Настоски

Повеќе фирми во кругот на „Железара“ работат незаконски, утврди инспекцијата

Жарко Настоски