Американски и британски експерти пристигнаа во Нигерија со цел да помогнат во потрагата по над 200 ученици, киднапирани од исламистичката група Боко Харам, соопшти американската амбасада во Абуџа и британскиот Форин офис.
САД испратија експерти од минисерството за правда и ФБИ, а Велика Британија експерти од министертсвото за одбрана.
Франција и Кина, претходно понудија лоцирање на киднапираните девојчиња со помош на нивните сателити.
Исламистичката група Боко Харам на 14 април во градот Чибок, во североисточна Нигерија, киднапира над 200 ученички.