По жестока расправија вчера Комисијата за лустрација се откажа да прогласи за кодоши четворица носители на јавни функции, од кои тројца во МРТВ и еден судија.
Се работи за еден режисер и двајца уредници за кои се инсистирало да се прогласат за соработници на тајните служби, но мнозинството се откажало откако неколку членови предочиле дека нема докази и дека ќе излезат пред јавноста да образложат дека се носат решенија без докази.
Комисијата за лустрација в понеделник ќе расправа за тројца поранешни припадници на МВР за кои има предлог да се прогласат за наредбодатели поради сомневање дека издавале наредби за следење лица од идеолошко-политички причини.