Случајот со киднапирањето на повеќе од 200 ученички во Нигерија од страна на групата Боко харам, може да падне под јурисдикцијата на Меѓународниот кривичен суд, изјави главната обвинителка на Трибуналот, Фату Бенсуда.
– Ваквите дејствија ја навредуваат совеста на човештвото и може да претставуваат злосторство што потпаѓа во надлежностите на Меѓународниот кривичен суд, изјави таа.
Загрижувачката појава на киднапирање лица од женски пол во период на конфликт, овој пат во нигериската држава Борно, не треба да се толерира и треба да се запре. Не треба да се пренебрегнува ниту една можност за виновниците за ваквите дивеења да се натераат да одговараат за своите дела пред правосудството во Нигерија или во МКС, потенцира обвинителката Бенсуда.
Канцеларијата на обвинителот на МКС уште во 2004 година отвори првична истрага за ситуацијата во Нигерија. Во 2012 година МКС заклучи дека има „разумни основи“ да се смета дека Боко харам (Западното образование е грев) од почетокот на својот вооружен бунт во 2009 година изврщува злосторства против човештвото.
Во принцип МКС може да гони оосмничени извршители на геноцид, на злосторства против човештвото или на воени злосторства, само ако националното правосудство нема желба или е неспособно да преземе истрага или судско гонење.