Времен сообраќаен режим за Скопскиот маратон

Од:

По повод одржувањето на манифестацијата Скопски Маратон 2014 на 11.05.2014 година (недела) во период од 07,30 до 14,00 часот ќе биде изменет режимот на сообраќај.

Во дадениот период целосно затворени за сообраќај ќе бидат: улица „Димитрије Чуповски“, булевар „Илинден“, улица „Франклин Рузвелт“, уллица „Војвода Васил Чакаларов“ (Адолф Циборовски), улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „11 Октомври“, делот на булевар „Крушевска Република“ од семафорите кај Тутунски Комбинат до семафорите кај Полициска Станица „Пролет“, булевар „3-та Македонска Бригада“,  од семафорите кај Полициска Станица „Пролет“ до крстосница со улица „Фрањо Клуз“, десната коловозна лента од булевар „Јане Сандански“, од Тобако во насока кон Аеродром се до крстосница со булевар „Србија“.

Делумно затворени за сообраќај ќе бидат: десната коловозна лента од булевар „Климент Охридски“ во насока од Матица до семафорите кај Влада, улица „Љубљанска“ во насока  од булевар „Илинденска“ до семафорите кај булевар „Партизански Одреди“, улица „Московска“ во насока од булевар „Партизански Одреди“ до Студентски дом Гоце Делчев.

Во согласност со променетиот режим на сообраќај, ќе биде променет режимот на линиите на Јавниот градски превоз. Промените се состојат во следново:

I.Линии со изменета траса: 

Линија број 3: Од Спортска сала МЗТ до Југодрво се движи по своја траса, продолжува по улица „Св. Кирил и Методиј“ (улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ – Рамстор) – Kлинички Центар.

Вo спротивна  насока: Клинички Центар – улица „Јордан Мијалков“ (Железничка) –подвозник-булевар „Кочо Рацин“ (Jугодрво) – Tрговски Центар – улица „Владимир Комаров“ – улица „Васко Карангелески“  –  Спортска Сала МЗТ.

Линија број 3Б: Од Кванташки Пазар до Jугодрво се движи по своја траса, продолжува по улица „Св.Кирил и Методиј“ (улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“  – Рамстор)  – Kлинички Центар.

Вo спротивна  насока: Клинички Центар – улица „Јордан Мијалков“ (Железничка)  – подвозник – булевар „Кочо Рацин“ (Jугодрво) – Tрговски Центар – улица „Владимир Комаров“ – улица „Васко Карангелески“  – булевар „АСНОМ“ – Кванташки Пазар.

Линија број 4 и 4А: oд Хрoм дo Соборен Храм, по булевар „Партизански Одреди“, – мост Гоце Делчев, – булевар „Гоце Делчев“, – Судска палата,булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво), подвозник, „Aнтон Попов“, улица „Димо Хаџи Димов“, булевар „Борис Трајковски“ и обратно.

Линија број 5: Од Дексион – улица „Ѓорче Петров“, – булевар „Партизански Одреди“, – булевар „Гоце Делчев“, – Судска палата, – Комплекс Банки, – улица „Владимир Комаров“, – улица „Васко Карангелевски“, – Спортска Сала MЗТ – Булевар „АСНОМ“, Ново Лисиче, a во спротивна насока,  од Ново Лисиче до Комплекс Банки по својата  траса, Судска Палата, – булевар „Гоце Делчев“, – булевар „Партизански одреди“,- улица  „Ѓорче Петров“ и Дексион.

Линија број 7: oд Карпош 3, улица „Карпошово Востание“ (ОУ.Лазо Трповски), поликлиника Букурешт, булевар „Партизански Одреди“, булевар „Гоце Делчев“, Судска Палата, Комплекс Банки, – улица „Владимир Комаров“, – улица „Коста Новаковиќ“, – булевар „3 Македонска Бригада“  и продолжува по својата траса, a вo спротивна  нaсока по булевар „3-та Македонска Бригада“, – улица „Коста Новаковиќ“, – улица „Владимир Комаров“, – булевар „Jaнe Сандански“,- Tрговски Центар, – Koмплекс банки, – Судска Палата, – булевар „Гоце Делчев“, булевар „Партизански Одреди“ до Карпош 3.

Линија број 7Б: oд Дoм нa Пeчaт, – улица „Јордан Мијалков“ („Железничка“) –подвозник- булевар „Кочо Рацин“ (Jугодрво), – улица „Владимир Комаров“, – улица „Коста Новаковиќ“, – булевар „ 3 Македонска Бригада“  и продолжува по својата траса.

Вo спротивна  нaсока по булевар „3-та Македонска Бригада“, – улица „Коста Новаковиќ“, улица „Владимир Комаров“, – булевар„Jaнe Сандански“, – Tрговски Центар, – Koмплекс банки, – Jугодрво, по улица „Св.Кирил и Методиј“ (улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“  – Рамстор), -Дoм нa печат.

Линија број 8: Влае – булевар „Партизански Одреди“, – мост.„Гоце Делчев“, –  бул.„Гоце Делчев“ – Битпазар и на своја траса, а исто и во спротивната  насока.

Линија број 9: Клинички Центар – улица „Јордан Мијалков“ (улица „Железничка“) –подвозник-булевар „Кочо Рацин“ (Jугодрво), – Битпазар и продолжува по својата траса, а во спротивната насока по непроменета траса.

Линија број 15 и 15А: од Карпош 3 (почетна 7 и 59), улица „Карпошово востание“ (ОУ.„Лазо Трповски“), – поликлиника „Букурешт“, – булевар „Партизански Одреди“, – булевар  „Гоце Делчев“, – Судска палата, – Комплекс Банки, – улица „Владимир Комаров“, – улица „Васко Карангелевски“, – Спортска Сала – MЗТ,булевар„ АСНОМ“, Ново Лисиче, a oбратно од Ново Лисиче до Комплекс Банки по својата траса, Судска Палата, – булевар „Гоце Делчев“, – бул.„Партизански одреди“ до Карпош 3.

Линија број 16: Железара – Б.Пазар– Југодрво и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста траса.

Линија број 19:  Почетна станица Карпош 3 (почетна 7 и 59), – улица „Карпошово востание“ (ОУ.Лазо Трповски), – поликлиника Букурешт и продолжува по своја траса, а во обратната насока по својата траса до Карпош  3.

Линија број 21: Трговски центар, – Судска палата, – булевар „Гоце Делчев“, – булевар „Партизански Одреди“ и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста траса.

Линија број 22: Трговски центар, – Судска палата, – булевар „Гоце Делчев“, – булевар „Партизански Одреди“ и продолжува по своја траса, а во спротивна  насока по иста траса.

Линија број 22А: Клинички Центар – улица „Јордан Мијалков“ (улица „Железничка“) –подвозник – булевар „Кочо Рацин“ (Jугодрво), – Судска палата, – бул.„Гоце Делчев“, – булевар „Партизански Одреди“ и продолжува по своја траса, а во спротивна  насока по редовна нормална траса. 

– Линијаброј  23: Дом на печат, – улица „Јордан Мијалков“ (улица „Железничка“) –подвозник –булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво), – Комплекс банки, – булевар „К.Ј.Питу“, – улица „Никола Карев“, – улица „Владимир Комаров“, – улица „Васко Карангелевски“, – улица „717“, – Спортска сала МЗТ), – булевар АСНОМ и продолжува по трасата по булевар „Киро Глигоров“ (булевар „Војводина“).

Во обратна насока: по својата траса, булевар „Киро Глигоров“ (булевар „Војводина“), булевар „Јане Сандански“, булевар „К.Ј.Питу“ (Транспортен Центар), – Народна банка, – булевар „Кочо Рацин“, булевар „Св. Кирил и Методиј“ (булевар „Мито ХаџиВасилев Јасмин“ – Рамстор) до Дом на печат

Линија број 24: Почетна станица Карпош 3 (почетна 7 и 59), – улица „Карпошово востание“ (ОУ.Лазо Трповски), – поликлиника Букурешт, булевар „Партизански Одреди“, – булевар „Г.Делчев“, Судска палата, Југодрво и продолжува по своја траса.

Во спротивна насока по истата траса до Карпош 3.

Линија број 25 (Милениумски крст): Трговски центар, – Југодрво,  улица „Св.Кирил и Методиј“ (улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ – Рамстор), булевар „Мајка Тереза “(Водњанска) и продолжува по својата траса, а во спротивната насока по улица „Јордан Мијалков“ (улица „Железничка“) –подвозник-булевар „Кочо Рацин“ (Jугодрво), до Транспортен центар.

Линија број  50: Клинички Центар – улица „Јордан Мијалков“ (улица „Железничка“)  – подвозник –булевар „Кочо Рацин“ (Jугодрво), – Битпазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока, од Битпазар продолжува до Југодрво, улица.„Св.Кирил и Методиј“ (улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ – Рамстор)  и Клиничка Болница.

Линија број 57: Козле, улица  „Јордан Мијалков“ (улица „Железничка“) –подвозник-булевар „Кочо Рацин“ (Jугодрво), – Битпазар и продолжува по својата траса, а во спротивната насока, од Битпазар продолжува до Југодрво, – улица „Св.Кирил и Методиј“ (улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ – Рамстор)  и Козле.

Линија број 59: почетна станица, – улица „Карпошово Востание“ (ОУ.„Лазо Трповски“), – поликлиника „Букурешт“, – булевар „Партизански Одреди“, – булевар „Гоце Делчев“, -Битпазар, – Бутел – до К.Бара.

Во спротивна насока по истата траса.

Линија број 59А: Кисела Вода, – Југодрво, – Битпазар и продолжува по својата траса. Во спротивната насока,  по истата траса.

Линија број 59Б: Ново Лисиче, – булевар „Јане Сандански“, – Комплекс банки,-  Судска палата, – Битпазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока од Битпазар, – Судска палата, – Комплекс банки, – Трговски центар, улица „Владимир Комаров“, – улица „Васко Карангелески“, булевар „АСНОМ“ и Ново Лисиче

Линии 31,41, 51, 67 и 70: Трговски центар, – булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво), – подвозник – улица „Антон Попов“, – улица „Димо ХаџиДимов“, улица „Борис Трајковски“ и продолжува по својата траса.

Во спротивна  насока по истата траса.

Линија број 58: Трговски центар, – булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво), – подвозник, улица „Антон Попов„, – улица „Димо ХаџиДимов“ и продолжува по својата траса. Во спротивна  насока по истата траса.

II.Линии со непроменета траса: 

а)  Градски линии: 2, 2А, 12, 45 и 65В

б)  Приградски линии: 11, 18,  47, 52, 53, 54, 55, 56, 60, 61, 63а, 63б, 65, 66, 68, 69, 71,81

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух