Лужак Десаутел целосно го промени поимањето на дизајнирањето на јахти со својот Глас концепт.
Овој единствен чамец, кој е дизајниран за светски познат композитор и неговото семејство, на својот креатор му донесе номинација за наградата „Млад дизајнер на годината“.
Овој чамец е направен на SWATH системот, а се состои од три правоаголни елементи, кои асоцираат на лего коцки.
Оваа јахта секако е удобна и луксузна, со грациозна дневна соба, трпезарија со коктел бар и клавир, што посебно ги воодушеви сопствениците.
Но, она што е навистина неверојатно, освен уникатниот надворешен изглед на оваа јахта, е количината на природна светлина која ја пропуштаат големите прозорци.
Погледот на океанот не треба ниту да се споменува посебно, очигледно е колку предизвикува уживање.