Самсунг веќе регистрираше девет милиони нарачки за својот најнов телефон Галакси С3, а нови нарачки непрекинато пристигнуваат.
Постариот брат Галакси С2 имаше три милиони нарачки, а за девет месеци се продаде во 20 милиони копии.
Галакси С3 во внатрешноста има моќен четиријадрен процесор „Кортекс А9“ со 1.4 GHz кој овозможува истовремено да се покренат повеќе апликации, да се сурфа, антивирус во позадина па и да се слуша музика.
Има подобар екран од претходникот, супер амолед од 4.8 инчи, моќна камера од 8 мегапиксели и предна камера од 1.9.
Има реакција на глас, и овозможува лесно да го споделите секој момент со вашите најблиски, а има опција и да ги препознава лицата од фотографиите на вашите пријатели и ако посакате автоматски им ги испраќа.