Екипата на Валенсија е освојувач на кошаркарскиот Еврокуп.
Шпанскиот тим во двата финални натпревари беше подобар од руската екипа Уникс Казан.
Откако Валенсија го доби првиот натпревар пред својата публика со 13 поени разлика.
Попладнево на гостувањето во Казан, кошаркарите на Валенсија славеа уште еден триумф против Уникс, овој пат со 85:73 во реванш натпреварот.
Џастин Долман со 26 поени и 5 скокови беше предводник во победничката екипа за која Рафа Мартинез постигна 14, а Сам Ван Росом придодаде 11 поени.
Во поразената екипа Ендртју Гудлог постигна 22 поени.