Полицијата на Нигерија денеска објави награда од 50 милиони најри (околу 300.000 долари) за информација која би довела до спасување на 223 девојчиња, кои се киднапирани од терористите на групата Боко Харам.
На 14 април борци на Боко Харам киднапираа 276 ученички во селото Чибок во североисточниот дел на Нигерија. Според полициски информации 53 од девојчињата успеале да побегнат, а 223 се во заложништво.
Во Нигерија има и масовни протести со кои се бара од властите да преземат мерки против терористите и да ги ослободат заложниците.