Украина продолжува грубо да ги прекршува човековите права, а тоа се случува со дозвола на западните држави, наведе денеска руското Министерство за надворешни работи.
-Ги повикуваме властите на Киев итно да запрат со употреба на сила против сопствениот народ и да преземат конкретни чекори за почеток на примирје во општеството-стои во соопштението на руското министерство.
Официјална Москва наведе дека осудата која што ја изрекла лидерката на ОН за човекови права поради насилство во Украина, потврдува дека нелегитимните власти во Киев со дозвола на западните спонзори продолжуваат да ги прекршуваат општопризнаените норми за заштита на човекови права.
Високата комесарка на ОН за човекови права, Нави Пилај вчера изрази голема загриженост поради насилството во Украина, кое што предизвикува зголемување на бројот на жртви и штети.
Е. Г.