Бугарија и Романија меѓу земјите од ЕУ со најголемо намалување на емисиите на штетни гасови

Од:

Бугарија и Романија во 2013 година биле меѓу земјите од ЕУ со најголемо намалување на емисиите на штетни гасови (-10,2 отсто и -14,6 отсто), во спореба со просекот -2,5 отсто во целата ЕУ, покажуваат податоците на Евростат.

Емисиите на јаглерод диоксид придонесуваат многу за глобалното затоплување и претставуваат околу 80 отсто од емисиите на штетни гасови во ЕУ. Тие влијаат од фактори како климатските промени, економскиот раст, бројот на населението, транспортот и индустриската дејност.

Увозот и извозот на енергетски производи исто така се одразува на емисиите на јаглерод диоксид во земјата, каде се користи јаглен како гориво.

Во 2013 година јаглеродните емисии се намалени во 22 земји-членки на ЕУ.

Највисоки емисиите на штетни гасови имало во Германија (760 милиони тони или зголемување од два проценти на годишна основа), по што следат Велика Британија (455 милиони тони), Франција (364 милиони тони), Полска (290 милиони тони), Шпанија (224 милиони тони) и Холандија (162 милиони тони).

Тие седум земји придонеле вкупно за 77 отсто од емсиите на јаглерод диоксид во ЕУ во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Букурешт: Падна дел од таванот во операциона сала за време на операција

Горан Наумовски

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна