ВИДЕО: СДСМ не се појави во ДИК да ги земе уверенијата за пратеничките мандати

Од:

СДСМ, НСДП и ЛДП денеска не се појавија во Државната изборна комисија за да ги подигнат  уверенијата за пратеничките места.

Пратениците на опозицијата требаше во 11 часот лично од ДИК да ги земат мандатите, но никој од нив не се појави по најавата дека ќе ги вратат пратеничките мандати.

Во Државната изборна комисија не беа присутни ниту претседателот Никола Рилковски, ниту нивниот претставник  во Комисијата, Виолета Дума.

Јакупи изјави дека досега не добиле никакво писмо ниту известување од оние политички партии кои одлучиле дека нема да ги прифатат мандатите.

На новинарско прашање зошто претседателот на ДИК Никола Рилковски не присуствува на врачувањето на мандатите, потпретседателот Јакупи одговори дека причината за неговото недоаѓање е непозната, но дека бил известен.

– Пред закажаното време, ми се јави претседателот Рилковски и објасни дека ќе биде отсутен денеска. Ме замоли во име на Државната изборна комисија да ги предадам уверенијата – вели Јакупи.

Тој додаде дека ДИК во текот на вчерашнит ден ги усвоила извештаите за претседателските и предвремените парламентарни избори и сите тие извештаи се доставени до Собранието, кое понатаму ја презема надлежноста.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски