Фаворизираната екипа на Лирија забележа тешка победа на гостински терен против Струмица.
Во воведниот натпревар од 8.коло на машката кошаркарска Супер лига, Лирија минимално со 68:67 ја совладаа Струмица.
Бојан Трајковски со 26 поени и 16 скокови беше најдобар поединец на натпреварот и во победничката екипа, за која Диме Тасосовски постигна 11 поени вклучително и последниот, победнички за Лирија од линијата за слободни фрлања.
Со оваа победа Лирија останува трка за едно од четирите места кои носат пласман во плејофот, додека Струмица е „акована“ на дното на табелата без ниту една победа.
Вечерва во Гевгелија се игра и дербито меѓу второпласираниот Кожув и актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром единствениот тим во Супер лигата кој е без пораз.
Колото ќе биде комплетирано утре со средбата Работнички – Куманово.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 7-0 (победи-порази), Кожув 5-2, Лирија 4-4, Работнички 3-4, Куманово 3-4 и Струмица 0-8.