Во Кенија починаа најмалку 33 луѓе од труење со алкохол

Од:

Најмалку 33 лица вчера и денеска починаа во Кенија откако конзумирале илегално произведен алкохолен пијалок.

Околу 45 луѓе се хоспитализирани, а неколку од нив го загубиле видот.

На телевизиските снимки прикажани се жртвите во болки во локалните болници во источните и централните окрузи Ембу, Киту и Киамба. Полицијата во Киамба трага за уште жртви.

Конзумирањето и продажбата на илегално направени алкохолни пијалоци е честа појава во Кенија, Парламентот во 2010 година усвои Закон за контрола на алкохолот, кој се покажа како неефикасен.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“