Киднаперите на тројцата Холанѓани во реонот на делтата на реката Нигер во Нигерија бараат десет милиони евра откуп за нивното ослободување, соопштија претставници на нигериските власти.
Тројцата киднапирани Холанѓани собирале материјали за подготовка на документарен филм и серија од публикации за реонот на делтата на реката Нигер.
Од нив Ерхард Леферс и Мариане Вос работеле за холандското издаваштво, а Јан Гронендејк е режисер на документарни филмови. Тие не биле со обезбедување, туку само со двајца Нигеријци, кои биле ослободени од грабнувачите непосредно по киднапирањето.
Според нигериската полиција исламистите од Боко Харам можеби стојат зад киднапирањето.