Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави денеска во Виена дека Москва е подготвена за нов состанок за Украина, но под услов на него да присуствуваат сите страни, вклучувајќи и активисти од источна Украина.
– Состанок со ист формат како оној во Женева од 21 април на кој опозицијата не би учествувала, не би имал корист и не не приближува до решение, изјави Лавров на прес конференција на маргините на министерската конференција на Советот на Европа во Виена.
Предлогот за Женева 2 беше даден пред неколку дена од шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер. Тој побара национален дијалог во Украина во кој би се сослушале сите страни меѓу кои и од југот и истокот на државата.