Министрите за надворешни работи на Русија, Германија и Украина – Сергеј Лавров, Франк Валтер Штајнмаер и Андреј Дешчица како и претседавачот со ОБСЕ ќе имаат денеска попладне состанок на виенскиот аеродром.
Според австриски медиуми, состанокот ќе биде одржан на аеродромот Швехат, а тема ќе биде кризата во Украина.
Меѓу Русија и Украина за постигнување решение за кризата ќе посредува Штајнмаер. Тој ќе има прво средба со Лавров, па потоа со Дешчица.