ВМРО-ДПМНЕ: Ова не е закон само за бранителите туку за сите безбедносни сили

Од:

Дебатата за Законот  за безбедносните сили продолжува и утре во Комисијата за труд и социјална политика.

Денеска речиси 8 часа се кршеа копјата за предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ.

За ДУИ и ДПА вакво решение е против уставно, анти албанско и недемократско. Џевад Адеми јасно го соопшти последниот став на ДУИ дека нема да дозволат да се донесе ваков Закон, кој рече не е само лош за Албанците туку за Македонија, за европска Македонија. Тој  рече не смее да се пропушти шансата и со ваков закон да се прокоцка многу позитивен извшетја од Брисел и како што рече, добивање датум за преговори веќе во декември.

Неговите сопартијци, острицата за законот, главно  ја вперија кон СДСМ, а не кон предлагачот, нивниот коалициски партнер. Единствено Арбен Лабуништа, во реплика , кажа дека  Законот за бранители е кукавичлук од ВМРО-ДПМНЕ и дека со ова ги уништуваат  темелите на мултиетничка држава.

Изет Зеќири од НДП,  рече дека законот е понижувачки за Албанците, но ги праша и ДУИ и ДПА каде биле кога се менувал законот од 2002-та.

Несериозниот пристап, рече ја турка Македонија позади многу црвени линии.

А од ВМРО-ДПМНЕ побараа консензус, бидејќи сега дошло време за национално помирување, рекоа дека законот е обврска кон бранителите. Објаснија дека во 2008 гласале против Законот за бранителите, бидејчи тогаш имале други задачи.

Бети Кузмановска, вината за се, и за Слупчане и за акцијата „Детонатор“, е виновен Бранко Црвенковски.

Сузанева Анева од ВМРО-ДПМНЕ кажа дека ова не е Закон за бранителите, туку за  безбедносните сили, на што следуваше жестока реакција со обвинувања од Зијадин Села од ДПА.

„Законот за бранители, не е противуставен, не е не е против Охридскиот договор, и не е закана за Република Македонија, закана е неодговорното владеење на власта. Овој закон треба едногласно да го донесеме, но престанете да си играте“, рече Радмила Шеќеринска.

Несериозниот пристап, рече ја турка Македонија позади многу црвени линии.

Според ДПА детското однесување на Владата ја доведува во прашање иднината на Македонија. Ги подржаа ДУИ за да не се донесе законот.

Во поладневните часови , долга, неколку часовна дебата на координаторот на ДУИ, Талат Џафери.

Објаснуваше зошто законот е неуставен и штетен.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски