„Вечерњи лист“: Милановиќ ќе го смени министерот за финансии

Од:

По обвинувањата дека хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ го оштетил државниот буџет за 27 милиони куни (3,5 милиони евра), тој утрово беше на тет-а-тет разговори со премиерот Зоран Милановиќ, кој за денеска закажа вонредна прес-конференција на која ќе зборува  за овој случај, објави интернет изданието на загребскиот дневен весник „Вечерњи лист“.

Дел од хрватските медиуми очекуваат Милановиќ да го смени Линиќ, кој според најновите истражувања, е трет според популарноста министер во актуелната Влада.

Линиќ, како што наведува „Вечерњи лист“, утринава околу 9:30 часот ги напуштил Бански двори, а насобраните новинари ги поздравил само со љубезните: „добар ден“.

Весникот пишува дека Милановиќ во утринскиот разговор побарал од Линиќ да му појасни како во рамки на претстечајните договори за компанијата „Спачва“ државата признала проценка на недвижен имот што е за 27 милиони куни поголема од проценката на Даночната управа во Винковци.

Линиќ, кој вчера ги негираше сите обвинувања на негова сметка, утринава на Милановиќ не му дал задоволителен одговор, пишува весникот, па, затоа многу е извесно дека премиерот денеска ќе најави негова смена.

Весникот наведува дека Милановиќ наводно на Линиќ „под нос“ му го ставил фактот дека  сисачката жупанка Марина Ловриќ-Мерзел е во притвор затоа што даночната управа проценила недвижност што ја купувала за брзата помош за 100 куни по квадрат, додека во Винковци Линиќ признал проценка од 600 куни за квадрат.

Извор од Владата тврди дека премиерот на Линиќ му дал шанса да ја објасни ситуацијата и да продолжи да ја работи својата работа. Се чини, меѓутоа, дека судирот што трае веќе подолго време, а ескалира со аферата на помошникот и пријател на Линиќ, Бранко Шегон, ќе заврши со разидување, наведува „Вечењи лист“.

Кој може да биде новиот министер за финансии се уште не е познато, но Милановиќ веќе разговарал со неколку кандидати, пишува весникот.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег