Оланд бара Французите да му судат на крајот од мандатот

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд на втората годишнина од доаѓањето во Елисејската палата, и се обрати на нацијата преку едночасовно интервју за телевизијата БФМТВ и радиото РМЦ, одговарајќи прво на прашањата на новинарите, а потоа и на гледачите, јави дописникот на МИА од Париз.

Запрашан дали „жали“ за првите две години од мандатт во однос на некои од неговите одлуки, Франсоа Оланд призна дека „секогаш може да има жалење“.

– Можев да донесувам одлуки побрзо,, да ги предупредам Французите повеќе за ситуацијата и да реагирам порешително за некои прашања, како за законот за бракот за сите, кој според мене зеде многу време, рече тој, додадавјќи дека „не е претседател на жалење, туку на промени“, кој сака да дава одговори и реагира.

Францускиот претседател во наредниот период очекува резултати со што неговиот петгодишен мандат навистина би нил „мандат на промени и реформи“.

– Јас немам што да загубам. Бев избран од Французите, тоа е чест за мене. Значи во секоја минута од мојот мандат ќе се борам за да успее Франција, изјави Оланд.

Притоа, шефот на француската држава нагласи дека ако тој беше еден од неговите избирачи пред две години, разбирливо денес би бил „нетрпелив“.

– Победив не затоа што имав блескава програма, тука затоа што мојот претходник не успеа. Ако французите ме избраа, тоа најверојатно е бидејќи очекуваа брзи промени. Тие не ми простуваат ништо и јас само барам од нив да бидам суден од нив на крајот од мандатот, рече Оланд.

По прашањето за начинот на кој тој ја води Франција, која ако би била претпријатие веќе би била во стечајна постапка, Оланд потсети дека при доаѓањето на фукнцијата тој пронашол една многу задолжена земја и дека „Франција можеше да биде во стечај“.

Тој призна дека ја сфатил пораката од последните локални избори, залагајќи се за одлагање на регионалните и департмаснките избори за една година, односно во 2016 година кога ќе биде завршена новата територијална организација, која според програмата на Владата предвидува намалување на француските региони од 22 на само десетина, како и исчезнување на департманските совети.

– Дури тогаш ќе видиме кои се реформаторите, а кои конзервативците, рече тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм