Мисија на Меѓунaродниот монетарен фонд предводен од Ивана Владкова Холар од денеска до 19 мај престојува во Република Македонија.
Тема на разговорите ќе биде Пост-програм мониторинг (ППМ). Консултациите по членот 4 од оваа програма се редовна проверка која се врши кај сите земји членки што се приклучуваат на ММФ.
Процесот на Пост-програм мониторинг (ППМ) е наменет за земји членки кои имаат значителна преостаната обврска кон Фондот по истекот на нивните аранжмани.