САД загрижени поради случувањата во Одеса

Од:

САД изразуваат голема загриженост поради зголемувањето на тензиите во јужниот украински град Одеса, изјави портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни.

– Потенцијалното излегување на Одеса од контролата на украинските власти ја потенцира неопходноста од итно деескалирање на кризата, нагласи Карни и ја повика Русија да ги исполни своите обврски од спогодбата постигната минатиот месец во Женева, за смирување на ситуацијата во Украина, а во спротивно се закани со нови санкции.

Четириесет и шест лица загинаа во петокот во Одеса, кога административна зграда беше запалена за време на судирите меѓу проруските сепаратисти и радикалните украински националисти.

Карни изрази увереност дека претседателските избори во Украина на 25 мај ќе му овозможат на народот самиот да си ја избере својата иднина.

Во меѓувреме рускиот заменик-министер за надворешни работи Григориј Карасин изјави дека Русија ги повикува двете страни во украинскиот конфликт, централната власт во Киев и регионите да седнат на преговарачка маса за да пронајдат решение за кризата.

Би можело да ве интересира

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Шмихал: Украина очекува отворање на преговарачки кластери во наредните месеци

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина