Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска во северниот дел на Тајланд, соопшти американскиот Геолошки институт.
Засега нема информации за жртви и штети.
Потресот бил регистриран на 32 километри југозападно од градот Чианг Раи. Тој беше почувствуван во престолнината Бангкок.