Спектакуларен обид за грабеж на златарница во Париз

Од:

Рано изутринава во строгиот центар на Париз, во близината на Операта, беше направен спектакуларен обид за грабеж на продавница за накит, јави дописникот на МИА од Париз.

Крадците при обидот за грабеж користеле бел камион натоварен со градежен материјал, обидувајќи се со него во 5 часот и 30 минути да влезат во златарницата „Бушерер“, прво преку влезната врата, а потоа и преку излогот. Но, металниот столб поставен зад вратата на продавницата го блокирал камионот. Излогот на продавницата е оштетен, но сепак не попуштил пред налетот на камионот.

parizZlataraGrabez

Крадците откако не успеале да влезат во продавницата побегнале од местото на настанот. Париската полиција започна истрага за обид за грабеж.

Продавницата за накит во Париз, која е во сопственост на швајцарското семејство Бушерер, се протега на 2.200 метри кавдратни на три ката и нуди 23 големи марки на часовници како „Ролекс“, „Вашерон-Константи“ и „Лонгинес“, по цени од 200, па до 400.000 евра.

Продавницата и покрај обидот за кражба изутринава е отворен, бидејќи има и друг влез.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм