Французите со поделени ставови за Европската унија

Од:

Дваесетина дена пред европските избори закажани за 25 мај, париски „Либерасион“ објави испитувањето на јавното мислење кое покажува дека Французите имаат парадоксални очекувања од Европската унија, јави дописникот на МИА од Париз.

За 49 отсто од испитаници, Европската Унија претставува „нешто негативно“, наспроти 45 проценти кои го мислат спротивното, а шест отсто од испитаниците се неопределени. Само 32 проценти од Французите ја сметаат ЕУ  како „економско средство“, наспроти 58 отсто кои мислат дека таа е „проблем“.

На политички план таа претставува „принуда“ за 52 отсто од испитаниците или „корисно отворање кон другите земји“ за 37 проценти, додека 11 отсто се без мислење.

Дури 60 проценти од анкетираните Французи се против излезот на нивната земја од ЕУ, 28 отсто сакаат Франција да истапи од ЕУ, додека 12 проценти се неопределени.

Што се однесува до откажѕвањето од еврото, 59 отсто од испитаниците ја отфрлаат оваа можност, 29 проценти сакаат Франција да му се врати на франкот, а 12 отсто немаат став.

Речиси половина од испитаниците (46 проценти), во ЕУ гледаат „шанса за културната разновидност“, наспроти 43 отсто кои сметаат дека таа е „закана за националните идентитети на секоја земја“, а 11 проценти се неопределени.

На крајот, мнозинството испитаници сакаат поголема вклученост на европските институции во борбата против невработенсота (57 отсто), во економскиот раст (53 проценти), во работните односи (48 отсто) и во намалување на дефицитот (40 проценти).

За „географската иднина” на ЕУ, 64 отсто од анкетираните Французи би сакале „Европската унија да се фокусира на некои земји (шесте земји основачи или земјите од еврозоната)“, 21 проценти изјавиле дека сакаат таа да „остане таква како што е денес“, а само седум отсто сметааѕ дека таа треба да се „прошири со нови земји“.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили