Во мало село во североисточниот дел на Тајланд, фотографот и музичар Стив Арин изгради невообичаена куќа во форма на купола, чија градба и опремување го чинеле вкупно 9.000 долари.
Куќата нема класични темели, а ѕидовите се изработени од бетонски блокови и цигли, кои се прекриени со неколку слоеви малтер, што целата структура ја прави монолитна.
Целиот објект бил завршен за шест недели. Изградбата чинела 6.000 долари, а за ентериерот, уредување на дворот и за мебел се поторшени уште 3.000 долари.