Екипите на Сан Антонио и на Бруклин последни се пласираа во полуфиналето на конференциите во НБА плеј-офот.
Сан Антонио на домашен терен убедливо го победи Далас со 119:96 за 4-3 во добиени натпревари. Најдобар на теренот беше Тони Паркер, кој постигна 32 поена.
За разлика од овој дуел натпреварот меѓу Торонто и Бруклин заврши со победа на гостите со 104:103 за (4-3 за Бруклин). Џое Џонсон со 26 поени беше најефикасен кај победникот, додека Торното неуспеа да го реализира последниот напад.
Вечерва стартуваат и првите полуфинални дуели во конференциите: Индијана – Вашингтон (Источна конференција) и Оклахома Сити – ЛА Клиперс (Западна конференција).