Предизборен инцидент меѓу приврзаници на крајната левица и десница во Франција

Од:

Според интернет изданието на регионалниот весник „Парис-Норманди“ претседателката на крајно десничарската политичка партија-Националниот Фронт, Марин Ле Пен била нападната изутринава од симпатизери на крајната левица на неделниот пазар во Соттевил-лес-Руан во Сен Маритим, јавува дописникот на МИА од Париз.

Во рамките на предизборната кампања за претстојните европски избри, десетина симпатизери на крајната левица ја чекаа најавената посета на лидерката на Националниот Фронт во нивниот град, со цел да и го изразат нивното противење на нејзините позиции.

Набрзо духовите меѓу двете групи, тие на крајната левица и тие на крајната десница се загреале и повеќе проектили полетале кон Марин Ле Пен и нејзината придружба.

Според весникот „Парис-Норманди“ биле разменети и удари меѓу двете страни, пред да дојде до интервенција на силите на редот, кои ги разделија учесниците во инцидентот.

Претседателката на Националниот Фронт набрзо го напуштила пазарот. Инаку оваа крајно десничарска партија, според некои испитувања на јавното мислење ќе биде победничка на престојните европски избори во Франција или рамо до рамо со конзервативната УМП, пред владеачката социјалистичка партија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм