Кошаркарите на Работнички и Лирија постигнаа победи на денешените два натпревара од 7. коло од Супер лигата. Со овие триумфи и двата тима ги задржаа шансите за пласман во плеј офот.
Во Струмица повеќекратниот шампион Работнички славеше со 89:80 (23:26; 16:14; 24:25 и 26:15). Најзаслужен за победата беше Марко Симоновски со 29 поени и шут за три поени 7 погодени од 8 обиди.
Во салата „Кале“ во Скопје, Лирија го совлада второпласираниот Кожув 93:86 (20:17; 21:22; 27:21 и 25:26).
На вчера одиграниот натпревар МЗТ Скопје Аеродром – Куманово 97:85.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 7-0 (победи-порази), Кожув 5-2, Лирија 3-4, Работнички 3-4, Куманово 3-4, Струмица 0-7.