Иницијативниот одбор за слобода на Томислав Кежаровски денеска го повика Апелациониот суд да донесе ослободителна пресуда за новинарот кој сеуште се наоѓа во притовр.
-Сакам да потсетам дека помина една година откако Томислав Кежаровски беше упасен и притворен, како и осуден за дело кое не го сторил. До денес сеуште се наоѓа во притвор, иако во домашен притвор, сепак е загрижен за својата физичка слобода и егзистенцијата на своето семејство.
Сакам да ја потсетам судската власт, што побрзо Апелациониот суд да донесе ослободителна пресуда, зашто нема вина за делото за кое се обвинува. Исто поради фактот и дека е загрозена финансиската егзистенција на неговото семејство, да ги потсетам властите да го намалат политичкиот притисок врз судството и да овозможат да пресуди како што треба според правдата и да му овозможи на нашиот колега да може слободно да работи, рече новинарот Зоран Димитровски, кој неодамна беше отстранет од функцијата главен и одговорен уредник на Нова Македонија поради тоа што имал лични ставови.